• Зоран Мишевски

Иако има уште три кола до крајот на шампионатот на Шпанија, веќе се познати четирите екипи кои ќе играат следната сезона во Суперкупот на Шпанија. Од сезоната 2019/20 натпреварувањето е трансформирано во турнир од четири екипи, а прв шампион е Реал Мадрид. „Кралевите“ го совладаа Атлетико Мадрид по изведување на пенали, во финален дуел во Саудиска Арабија.
Двата финалисти на Купот на Кралот, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, шампионот и вицешампионот ќе настапат во ова натпреварување. Со оглед на тоа што на три кола до крајот на Примера се знае дека Реал и Барса ќе завршат на првите две места, неизвесно е само по кој редослед, на Супекупот ќе играат: Реал Мадрид, Барселона, Реал Сосиедад и Атлетик Билбао.
Ждрепката за полуфиналето ќе биде слободна и сите комбинации се возможни.