Познати сите учесници, еве како изгледаат групите за СП 2022

СП 2022

Квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар завршија, што значи дека се комплетирани сите групи за турнирот кој ќе се одржи во ноември и декември оваа година.

Австралија и Костарика се последните две репрезентации кои ќе се докажуваат на Мундијалот. „Кенгурите“ на пенали го совладаа Перу, а костариканската селекција со минимален резултат го исфрли Нов Зеланд.

Светскиот собир ќе биде отворен на 21 ноември, а ќе се затвори со финалето на 18 декември.