Познати сите осминафиналисти, Македонија ЃП пак ќе го брани тронот

Со натпреварите од шеснаестинафиналето, стартуваа возбудувањата во Купот на Македонија. Слободни беа екиоите кои минатата сезона стигнаа барем до полуфиналето, па тие веќе однапред се осминафиналисти во новата сезона. 

Со одигрувањето на дуелите, познати се и шеснаесетте екипи кои останаа во трка за трофејот. Оваа фаза ја одбележаа двете изненадувања, елиминацијата на Победа од Јанг Тим Струга поразот на Скопје од Башкими, додека Вардар го доби најинтересниот дуел со Беса

  • Сите осминафиналисти во Купот на Македонија:

Македонија ЃП
Струга Трим Љум
Силекс
Шкендија
Вардар
Пелистер
Тиквеш
Башкими
Гостивар
Шкупи
Јанг Тим Струга
Воска Спорт
Брера Струмица
Брегалница
Охрид
Работнички

Се очекува во наредниот период Фудбалската федерација на Македонија да одржи нова ждрепка и да ги извлече паровите за осминафиналнат фаза.