Познати сите четвртфинални двојки, Бразил - Белгија е шлагерот!

По одигрувањето на последниот осминафинален натпревар меѓу Англија и Колумбија, познат е и последниот патник во осминафиналето, по што се комплетирани сите четвртфинални двојки.

Претстојат два дена пауза, а четвртфиналните дуели ќе се одиграат в сабота и недела. Најголемот внимание секако дека го предизвикува дуелот меѓу Бразил и Белгија, репрезентации кои покрај Франција се најголеми фаворити за нов светски владетел

Четвртфинални двојки:

Франција - Уругвај (6 јули, Нижни Новгород)

Бразил - Белгија (6 јули, Казан)

Шведска - Англија (7 јули, Самара)

Хрватска - Русија (7 јули, Сочи)

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 10 и 11 јули. Мечот за утешното трето место е закажан на 14 јули, а финалниот натпревар на „Лужники“ ќе биде одигран на 15 јули со почеток во 17:00 часот.