Познати шеширите за ЛШ, Македонија со еден потенцијален фудбалер во елитата

По одигрувањето на трите квалификациски кола познаги се 36-те екипи кои ќе играат во главниот сегмент на Лигата на шампионите. Англија со шест претставници е рекордер и има најголеми шанси да го освои „долгоушкото“.

Утре од 18:00 часот ќе биде извршена ждрепката на сите осум кола, а Европската фудбалска унија (УЕФА) веќе ги одреди квалитативните шешири.

Прв шешир:
ПСЖ, Реал Мадрид. Манчестер Сити, Баерн Минхен, Ливерпул, Интер, Челзи, Борусија Дортмунд, Барселона

Втор шешир:
Арсенал, Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Бенфика, Аталанта, Виљареал, Јувентус, Ајнтрахт Франкфурт, Клуб Бриж 

Трет шешир: 
Тотенхем, ПСВ Ајндховен, Ајакс, Наполи, Спортинг, Олимпијакос, Славија Прага, Бодо/Глимт, Олимпик Марсеј

Четврти шешир:
Копенхаген, Монако, Галатасарај, Унион Сент Жилоа, Карабах, Атлетик Билбао, Њукасл, Пафос, Каират

Македонија има само еден потенцијал учесник во Лигата на шампионите - Ељиф Елмас доколку деновиве потпише со Наполи.