Познати полуфиналните баражи за ЕП: Босанците налетаа на Украина

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги извлече бараж полуфиналињата кои следниот март ќе се одиграат за места на Европското првенство. На официјалната ждрепка Џорџо Маркети и неговите соработници ги одредија полуфиналните парови во Лигата на нациите.

Извлекувањето беше полудиригирано, па само се потврдија бараж дуелите во полуфиналето. Среќата посака во најсилната А конкуренција на Велс да налетаат Финците. Во Лигата Б пак, Босанците ќе се судрат со Украина, а Израел оди на мегдан со Исланд, додека во Ц конкуренцијата Грузија ќе се судри со Луксембург, а Грците против Казахстан.

  • Полуфинални бараж натпревари во Лигата на нациите:

Лига А:
​Полуфинални баражи:

Полска - Естонија
Велс - Финска

Лига Б:
​Полуфинални баражи:

Израел - Исланд
Босна и Херцеговина - Украина

Лига Ц:
Полуфинални баражи:

Грузија - Луксембург
Грција - Казахстан

Исто така, се извлекоа и потенцијалните домаќини за финалињата на трите бараж турнири. Во Лига А домаќинот ќе биде подобриот од полуфиналната пресметка меѓу Велс и Финска. Во Б конкуренцијата пак, финалето може дома да го игра Босна и Херцеговина или Украина, додека Грузија и Луксембург ќе се борат за домашен бараж натпревар за место на Европското првенство.

Победниците на трите лиги ќе бидат последните патници на Европското првенство кое ќе се одржи во Германија.