Познати казните за „тепачите“ на дуелот меѓу Египет и Мароко

Мароко

Афричката фудбалска федерација (ЦАФ) немаше милост и драконски ги казни учесниците во тепачката на натпреварот меѓу Египет и Мароко.

Египетскиот репрезентативец Марван Давуд нема да игра до крајот на Афричкиот Куп на нации, а исто така на клупата за резерви нема да биде и помошникот тренер. По два натпревари суспензија добија мароканските фудбалери Дофијан Буфал и Софијан Чакла.

Египет е казнет со 100.000 долари, од кои 50.000 долари се на име на суспендираните играчи и уште толку затоа што не одржа прес-конференција пред четвртфиналниот меч.

Селекцијата на Мохамед Салах избори конечна победа од 2-1 и остана во игра за титулата.