Познати јужноамериканските мундијалисти, Парагвај се враќа по шеснаесет години

Фудбалските репрезентации на Уругвај, Колумбија и Парагвај, на едно коло пред крајот на мундијалските квалификации, обезбедија пласман на Светското првенство во 2026 година.Со тоа веќе се знаат сите претставници на КОНМЕБОЛ на Мундијалот, бидејќи гигантите Бразил и Аргентина и Еквадор веќе имаат в џеб „билет“ на големиот собир. 

  • Уругвај - Перу 3-0:

Уругвај забележа победа на домашен терен над Перу со 3-0, која ги искачи на третото место на табелата. Колумбија, исто така, забележа победа од 3-0 над Боливија, со што обезбеди враќање на мундијалскиот турнир, откако го пропушти Светското првенство во Катар во 2022 година.

  • Колумбија - Боливија 3-0:

По пауза од шеснаесет години на мундијалскиот турнир се враќа и Парагвај, кој на домашен терен во Асунсион одигра без голови со Еквадор, што на домаќините им беше доволно да го заверат шестото место на табелата кое носи директен пласман на Мундијалот следната година во САД, Мексико и Канада.