Познати единаесет осминафиналисти, последното коло одлучува за останатите пет

Претпоследното коло во групната фаза од Лигата на шампионите даде појасна слика како ќе изгледа осминафиналната фаза.

Досега единаесет екипи го потврдија пласманот во нокаут фазата од овогодишното натпреварување.

  • ПСЖ
  • Манчестер Сити
  • Реал Мадрид
  • Интер
  • Ливерпул
  • Ајакс
  • Спортинг
  • Баерн Минхен
  • Манчестер Јунајтед
  • Челзи
  • Јувентус

Порто, Милан и Атлетико Мадрид ќе водат „мртва трка“, Барселона ќе има невозможна мисија кај Баерн Минхен и ќе се надева на кикс на Бенфика, Аталанта и Виљареал ќе играат директен судир во Бергамо, а сите четири екипи од групата Г имаат шанси за првите две места.

Преостанатите пет места ќе се пополнат по натпреварите од последното коло во групната фаза на 7 и 8 декември.