Познати двојките во баражот за ВМФЛ

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, денес беше изврешна ждрепката за двојките за бараж-натпреварите за влез во Втора македонска фудбалска лига следната сезона. 

Битките за второлигашки статус ќе се водат в недела со почеток од 17:00 часот, а на истите ќе се сретнат:

Тетекс – Осогово
Башкими – Влазрими
Вардар Неготино – Новаци

Од Фудбалската федерација на Македонија најавија дека местата на одигрување на овие натпревари ќе бидат дополнително одредени.