Познати актерите на „најскапиот меч во светот“: Кој ќе заработи 200 милиони евра?

Познати се актерите на „најскапиот натпревар во светот“. Тоа е финалето од плеј-офот за промоција во англиската Премиер лига. Овогодишни ривали на лондонски „Вембли“ ќе бидат Хал Сити и Саутемптон.

Победникот ќе собере вкупно околу 200 милиони фунти. Ова е наградата што ја доделува Англиската фудбалска асоцијација за промоција во елитата, а е толку висока поради новиот договор за телевизиски права потпишан пред две години.

Двата полуфинални двомеча беа решени во реваншите, откако во првите натпревари немаше голови. Хал беше подобар од лондонски Милвол, откако славеше на реваншот со 2-0. Повозбудливо беше на „Сент Мери“, каде по изведувањето на пенали Саутемптон славешен против Мидлсброу, откако во регуларниот дел резултатот беше 1-1.

Решавачкиот натпревар за промоција во Премиер лигата е закажан за в сабота, 23 мај, во 16:00 часот.