• Горан Упале
Поранешниот професионален покер играч Џејмс Борд е главен фаворит за преземање на англискиот фудбалски клуб Шефилд Венсдеј, објави „Би-Би-Си“. Шефилд Венздеј е во стечај од октомври, откако 10 години беше во сопственост на Дафон Чансири. Управниот одбор денес објави дека е постигнат договор со потенцијален купувач.
Борд, кој е роден во Лондон, ја започнал својата кариера работејќи во компании за коцкање и заработил 4,3 милиони долари играјќи професионален покер. Тој сега раководи со компанија наречена „Short Circuit Science“, која користи вештачка интелигенција за спортска аналитика.
Под името на компанијата „Park Bench SFC LLC“, Борд има и удели во шпанскиот второлигаш Кордоба и бугарскиот клуб Септември Софија. Британските медиуми објавија дека понудата на Борд ќе мора да го помине тестот за сопственици и директори на Чемпионшип и би можела да се соочи со пречки поради неговата минато вмешаност во коцкањето.
Шефилд Венсдеј е на последното место, 24-то место на табелата во Чемпионшип со минус девет бода, бидејќи на клубот му се одземени бодови двапати откако банкротираше. Со оглед на интересното име и презиме на бизнисменот, кое неодоливо потсетува на познатиот таен агент 007, се чини дека само една таква личност може да го извлече клубот од прилично очајната ситуација во која се наоѓа.




