• Иван Димовски
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја одржа последната квалификациска ждрепка за Лигата на шампионите, односно за плеј-оф натпреварите.
Во оваа фаза од натпреварувањето македонски претставници со Динамо Загреб ќе бидат Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Потенцијално Македонија може да има уште еден индивидуален претставник, ако се исполнат најавите за трансфер на Дарко Чурлинов во Јагјелонија.
Извлекувањето е направено пред да започнат натпреварите од третото претколо на Лигата на шампионите, па главно во паровите има по неколку опции.
- Плеј-оф парови во Лигата на шампионите:
Јанг Бојс - Галатасарај
Динамо Загреб - Карабах/Лудогорец
Мидтјиланд/Ференцварош - Слован Братислава/АПОЕЛ
Јагјелонија/Бодо/Глимт - Црвена Звезда
Малмо/ПАОК - Спарта Прага/ФЦСБ
Лил/Фенербахче - Славија Прага/Унион Сен Жилоа
Динамо Киев/Ренџерс - Салцбург/Твенте
Мечевите од третата рунда се на програмата оваа и следната седмица, додека бараж натпреварите се играат на 20/21 и 27/28 август.
Главната ждрепка за групната фаза е закажана за 29 август во Монако.