Познат наследникот на Леонардо на позицијата спортски директор во ПСЖ

Кампос

Екипата на Пари Сен Жермен ја комплетира сезоната во домашното првенство со убедлива победа над Мец.

Три гола на натпреварот запиша Килиан Мбапе, кој ги награди навивачите со убава вест и го продолжи договорот до 2025 година. Францускиот репрезентативец доби неверојатни услови за да остане во Париз, меѓу нив и да учествува во изборот на новиот спортски директор.

Леонардо си замина од оваа позиција и наскоро треба да биде потврдена неговата замена. „Ле Парисиен“ пишува дека тоа ќе биде Луис Кампос.

Се работи за португалски фудбалски работник, кој беше дел од Селта, Монако и Лил на позицијата спортски директор. Се очекува наскоро да бидат познати повеќе детали околу неговиот ангажман во ПСЖ.