Познат датумот кога Јувентус ќе тргне по нова титула во Серија А

Серија А

Денес беше објавен датумот кога треба да започне новата сезона во италијанска Серија А. Неодамна Јувентус ја потврди деветтата титула во низа, а за нова ќе се бори од 19 септември.

Од претходните најави, стартот е одложен за една недела. Тоа значи дека Италијанците ќе започнат да играат фудбал седум дена по останатите големи фудбалски лиги во Европа.

Крајот на новата сезона е закажан за 23 мај, кога ќе се одиграат натпреварите од последното коло.

Лече, СПАЛ и Бреша нема да ги гледаме во италијанската елита наредната сезона, а новајлии ќе бидат екипите на Беневенто и Кротоне, а за последното место ќе се борат Специја, Проденоне, Читадела, Киево, Емполи и Фросиноне.