• Саше Љолес
Минатата недела белгиската јавност беше потресен од уште една улична пресметка во која учествувале две банди. Оваа информација веројатно немаше да предизвика толкаво внимание, ако не беше објавено дека во неа учествувал и поранешен белгиски репрезентативец.
Се работи за 36-годишниот Иломбe Ембоjo, кој во минатото играше за повеќе белгиски клубови, а двапати во кариерата го облече и репрезентативниот дрес. Во минатото беше член на Шарлоа, Кортријк, Серкл Бриж, Генк, Сион, Ал-Раед, Ст. Труден и Гент, а тамошните медиуми пишуваат дека фудбалерот кој е уште активен во дресот на нисколигашот Виртон, се здобил со прострелна рана во раката.
Уште две лица се повредени во престрелката, а полицијата веќе ги презема сите мерки за расчистување на случајот. Се претпоставува дека Ембоjo и неговите пријатели биле директна мета во атентат од ривалска банда, но овие информации уште не се потврдени од ниту еден извор. Ова не е првпат играчот да има големи проблеми со законот, откако во минатото беше осуден по обвиненија за силување, но доби само условна и парична казна.