Познат англиски судија ќе ја дели правдата на мечот Холандија - Шведска

Англичанецот Мајкл Оливер ќе биде главен судија на натпреварот од Светското првенство помеѓу Холандија и Шведска, кој е окарактеризиран како дерби на групата Ф. 

Негови помошници ќе бидат Стујарт Барт и Џејмс Мејнваринг, а четврти судија ќе биде Абогниле Том од Јужна Африка. Дуелот меѓу овие две селекции ќе се одигра на 20 јуни, со почеток во 19:00 часот. 

Вториот натпревар во оваа конкуренција (Тунис - Јапонија) му припадна на Романецот Иштван Ковач, кому ќе му помагаат сонародниците Михаи Марика и Ференц Туњоги. 

Шведска е лидер во оваа група со три бода, Холандија и Јапонија имаат по еден, додека Тунис е без бодови.