• Саше Љолес

Барселона има голема желба да го доведе на шестмесечна позајмица Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, но главен проблем е платата на фудбалерот, за која „ѓаволите“ инсистираат во целост да биде подмирена од Каталонците.
Спортскиот директор Деко изјави дека Барса е подготвена да исплати 50% од месечните примања, но Јунајтед засега не ја прифаќа оваа понуда и се претпоставува дека токму тука преговорите можат да „заглават“.
Рашфорд е во немилост на тренерот Рубен Аморим и е исклучен од тимот поради недисциплина и недоволно залагање, а исто така тешко може да пронајде клуб кој би му ги исплаќал огромните 325.000 фунти неделно, кои ги има во договорот со англискиот великан.
Напаѓачот сезонава одигра 18 натпревари за Јунајтед, но беше исклучен од екипата веднаш по пристигнувањето на Рубен Аморим.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.