Повторно сопре спортот во Чешка, ќе се играат само УЕФА натпревари

Чешка е една од најпогодените земји од вториот бран на коронавирусот, а тоа ќе се рефлектира и на спортот во оваа земја. Оваа земја има дури 43.000 нови случаи на ковид-19, па власите воведоа нови рестрикции. 

Спортот во оваа земја ќе запре барем до први ноември со цел да се спречи ширењето на вирусот. Тоа значи дека сите лиги ќе бидат прекинати, меѓу нив и фудбалските. Сепак, интереса е одлуката дека чешките тимови ќе бидат слободни да играат во евро-куповите, како и ќе можат да ги исполнат репрезентативните обврски. 

Се шпекулираше дека ќе бидат приморани да играат како домаќини во Полска или Германија, но владата дозволи натпревари само пред празни трибини.