Повторно одложен натпревар на Работнички во ВМФЛ!

Натпреварот меѓу Работнички и Брера од петтото коло во ВМФЛ, кој требаше да се одигра во сабота, е одложен поради настапот на струмичкиот клуб во младинската Лига на шампиони.

Новиот термин за овој дуел дополнително ќе биде одреден. Брера по четири одиграни натпревари е лидер на табелата со 10 бода, додека Работнички е на седмото место со шест бода, но има одиграно еден натпревар помалку.

За тимот од Дебар Маало ова е втор одложен натпревар сезонава, откако претходно не се одигра дуелот со Тетекс, поради повик на неколку натпревари на тетовскиот клуб за селекцијата на Македонија до 20 години која што настапи на Медитеранските игри во Таранто.