Повремен француски репрезентативец го засилува Фенербахче, Лацио ќе добие до 30 милиони

Лацио и Фенербахче постигнаа договор за поранешниот играч од средниот ред на Арсенал и Олимпик Марсеј, Матео Гендузи, при што 26-годишниот француски репрезентативец треба да пристигне во Истанбул оваа зима.

Турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, кој е специјализиран за трансфер-шпекулациите поврзани со Фенер, објави дека Гендузи со турскиот гигант потпиша договор до 2030 година со можност за продолжување од една година, и дека клубот од Рим би можел да заработи до 30 милиони евра, во зависност од бонусите.

Гендузи одигра 14 натпревари за француската репрезентација, вклучувајќи еден на Светското првенство во 2022 година во Катар, кога играше 79 минути против Тунис.

Тој нема да се приклучи во тимот на Доменико Тедеско до крајот на турскиот Суперкуп, во кој Фенербахче го победи Самсунспор, а финалето против големиот ривал Галатасарај е закажано за в сабота во 19:30 часот.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.