• Горан Упале

Додека неговите соиграчи ја обезбедија титулата со ремито на гостувањето кај Стразбур, а подоцна ја славеа, Нејмар имаше попаметна работа.
Бразилската ѕвезда остана во Париз затоа што е „претешко повреден за да отпатува во Стразбур“, изјави тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, а времето го помина играјќи покер.
За тоа отпатува во Монте Карло, каде ја следеше трката во Формула 1. Навивачите на ПСЖ се бесни бидејќи на социјалните мрежи виделе фотографии од Нејмар во двете изданија. Многумина од нив сметаат дека покажал големо непочитување кон својот клуб.
Дека приказната за неспособноста на Нејмар да патува не држи вода докажува и фактот што растојанието од Париз до Стразбур е 400 километри, а Монако е оддалечен дури 670 километри од главниот град на Франција.
Нејмар многу веројатно уште летово ќе го напушти Париз. Раководството на клубот сака да се ослободи од богатиот договор на бразилскиот ас, а наводно за неговите услови постои интерес од Манчестер Јунајтед.