ВИДЕО: Повредата на Нејмар го засени триумфот на Бразил, пресврт-победа за Мексико

Бразил

Изминатата вечер се одиграа неколку пријателски натпревари, а најголемо внимание привлече дуелот меѓу Бразил и Катар.

Организаторот на овогодишното издание на Копа Америка запиша рутинска победа (2-0), но остана без својот најдобар фудбалер. Нејмар се повреди и замина во соблекувална со насолзено лице и најверојатно ќе го пропушти турнирот.

  • Извештај од натпреварот: 

За головите се погрижија Ричарлисон и Габриел Хесус во првото полувреме.

Убедлив триумф оствари и Мексико на Тата Мартино, кој го доби дуелот со Венецуела (3-1). Гостите поведоа во 18. минута, но потоа примија три погодоци и доживеаја висок пораз.

  • Извештај од натпреварот: 

Во останатите мечеви, САД минимално загуби од Јамајка, Перу со еден гол ја победи Костарика, а Парагвај и Хондурас одиграа без победник.