Повредата на е наивна, Лукаку нема да игра ни против Кипар

Иако се очекуваше дека ќе биде подготвен, сепак, Ромелy Лукаку ќе го пропушти и вториот квалификациски натпревар на Белгија за Европското првенство во 2020 година. 

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед беше поштеден од селекторот Роберто Мартинез за првиот дуел со Русија (3-1), со цел да биде максимално подготвен за Кипар. Сепак, утрово лекарскиот тим на селекцијата не даде зелено светло за настап, па Лукаку порано од очекуваното ќе се врати во Манчестер. 

Од селекцијата на Белгија соопштуваат дека повредата на стапалото на својот напаѓач не е наивна и мора подолго време да мирува, а засега не се знае кога ќе му се стави на располагање на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер. 

Европско првенство, Квалификации, Група I
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БелгијаБелгија 8 8 0 0 30:1 29 24
2 РусијаРусија 8 7 0 1 27:4 23 21
3 КипарКипар 8 3 1 4 13:12 1 10
4 ШкотскаШкотска 1 8 3 0 5 11:17 -6 9
5 КазахстанКазахстан 1 8 2 1 5 9:13 -4 7
6 Сан МариноСан Марино 8 0 0 8 0:43 -43 0