Повредата е минато: Спировски со гол се врати во дресот на Ференцварош

Повредата е минато и Стефан Спировски е подготвен да се врати на фудбалските терени. Репрезентативецот вчера настапи на пријателскиот натпревар на неговиот Ференцварош против Шиофок, кој шампионот на Унгарија го доби со 6-0. Битолчанецот влезе во игра во вториот дел и веднаш се наметна, постигнувајќи еден погодок.

Спировски се повреди на натпреварот со Гибралтар и мораше да биде опериран, па настапи на мал дел од натпреварите во пролетниот дел на унгарскиот шампионат.

Откако ги мина подготовките во Австрија, фудбалерот за врска сега е фит и ќе се бори за место во тимот на Сергеј Ребров.

Ференцварош го совлада бугарскиот шампион Лудогорец со 2-1 во првиот натпревар од второто коло на квалификациите за Лигата на шампионите. Возвратниот натпревар се игра во Бугарија в среда во 19:30 часот.