Повредата е минато, Чурлинов со специјална маска им се врати на тренинзите на Штутгарт (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов им се врати на тренинзите на својот Штутгарт, откако пред извесен период беше приморан со операција да ги реши проблемите со скршениот нос.

Eден од нашите најголеми фудбалски надежи на еден тренинг се здоби со незгодна повреда на носот, а откако оперативниот зафат беше успешен, по само 10 дена рехабилитација се врати во стројот на својот тим.

20-годишниот напаѓач денес со специјална маска на главата го одработи првиот тренинг по операцијата и доколку нема неочекувани проблеми сигурно ќе конкурира за настап на следниот натпревар на Штутгарт во Бундеслигата против Шалке 04, кој е закажан за в сабота.