Повреда во најлош момент, уште еден дефанзивец помалку за Клоп

Џо

Јирген Клоп ќе влезе во еден густ распоред без речиси цела своја одбрана. Повредите може скапо да го чинат Ливерпул кој ќе одигра неколку важни натпревари без клучни фудбалери во последната линија.

Последен на листата повредени е англискиот репрезентативец Џо Гомез. За време на обврските со Англија во пресрет на Лигата на нации, 23-годишникот се повредил и го напуштил тренингот диригиран од Герет Саутгејт.

Оваа вест доаѓа само неколку дена по лошите вести поврзани со Трент Александер Арнолд. Десниот бек ќе прави пауза во наредниот период, поради повреда заработена на дербито со Манчестер Сити.

Од стандардните првотимци во дефанзивата достапни се само Робертсон и Матип. Тоа ќе донесе главоболки за Клоп за натпреварите против Лестер Сити, Аталанта, Брајтон, Ајакс...