ВИДЕО: Повреда на Роналдо, „бомба“ на Данило - Португалија само до бод против Србија

Фудбалерите на Португалија и во вториот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2020 не успеаја да слават победа, откако на домашен терен ремизираа против Србија со 1-1 (1-1).

  • Извештај од натпреварот:

Почетокот на мечот беше идеален за гостинските фудбалер, кои уште во 8. минута со гол од пенал на Душан Тадиќ поведоа со 0-1. По примениот гол, Португалија тргна во напад, но Србите умешно се бранеа и не дозволуваа нивниот голман да биде посериозно загрозен.

Во 29. минута „европските Бразилци“ останаа без Кристијано Роналдо, кој мораше да го напушти натпреварот поради повреда.

И кога се очекуваше дека Србија на одмор ќе замине со предност, Данило Переира со вистинска „бомба“ од околу 20 метри го совлада Марко Дмитровиќ и донесе егал резултат по првите 45 минути (1-1).

Во вториот дел од натпреварот Португалија имаше повеќе од играта, а Србија беше ориентирана главно на контра напади. Најголемата шанса за водство домаќините ја имаа во 71. минута, но Карваљо не успеа да ја искористи мешаницата и можноста пропадна. Две минути подоцна главниот судија досуди и пенал за Португалија поради игра со рака, но по консултација со помошникот ја смена својата одлука и додели само топка за Србија.

До крајот избраниците на Сантош имаа целосна иницијатива, константно ја притискаа последната линија на српската репрезентација, но не успеаја да го пронајдат патот до голот мораа да се задоволат само со бод и да останат без победа по првите две кола.

Во вториот натпревар од истата група, Украина со гол во самиот финиш на гостински терен го совлада Луксембург со 1-2 (1-1). Домаќините поведоа со голот на Давид Турпел во 34. минута, а на 1-1 во 40. минута израмни Виктор Циганков. Победничкиот погодок за Украинците го постигна Џерсон Родригез, кој во 93. минута ја погоди сопствената мрежа.

  • Извештај од натпреварот:

Европско првенство, Квалификации, Група B
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 УкраинаУкраина 4 3 1 0 8:1 7 10
2 ЛуксембургЛуксембург 4 1 1 2 4:5 -1 4
3 СрбијаСрбија 2 3 1 1 1 5:7 -2 4
4 ПортугалијаПортугалија 1 2 0 2 0 1:1 0 2
5 ЛитванијаЛитванија 1 3 0 1 2 3:7 -4 1