• Саше Љолес
Повратникот во Премиер лигата, Хал Сити, го претстави новото засилување на голманската позиција. Во клубот пристигна грчкиот репрезентативец Константинос Цолакис, кој потпиша петгодишен договор.
Според британските медиуми, Хал Сити за неговиот трансфер од Олимпијакос плати околу 20 милиони фунти, со што е поставен нов клупски рекорд. Претходниот најскап трансфер беше во 2016 година, кога клубот издвои 13 милиони фунти за Рајан Мејсон.
Our transfer record is broken ⚡️ pic.twitter.com/nGxyyDh9te
— Hull City (@HullCity) August 5, 2026
23-годишниот Цолакис целата досегашна кариера ја мина во Олимпијакос, каде настапи на 131 натпревар и освои осум трофеи, меѓу кои четири шампионски титули во Грција и трофејот во Конференциската лига во сезоната 2023/24.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.
