• Горан Упале

Новиот прволигаш Скопје продолжува со засилувањето на ростерот, откако клубот потврди две нови имиња во своите редови.
Нов член на скопскиот клуб е Али Адем, искусен играч од средниот ред со настапи во повеќе македонски и странски клубови, како и репрезентативно искуство.
Скопје го претстави и Томче Гроздановски, кој исто така има богато домашно и меѓународно искуство, а во минатото ги бранеше и боите на младинските, но и на сениорската репрезентација на Македонија.
Со двете засилувања, скопјани дополнително го засилуваат тимот за продолжението од сезоната.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




