• Саше Љолес

Бразилецот Рафиња прикажа одлични настапи во дресот на Барселона, па затоа капитенот на каталонскиот клуб повторно доби големо признание во шпанското првенство.
Бразилецот е избран за најдобар фудбалер во Примера за септември, откако на четирите натпревари во текот на месецот постигна седум гола и забележа две асистенции. За Рафиња ова е второ последователно признание за најдобар играч на месецот.
Во истиот период Барселона оствари максимален учинок од четири победи, со вкупна гол-разлика 19-5, со што ја задржа водечката позиција на табелата со максимални 21 бод.
Каталонците следниот натпревар во Примера ќе го одиграат на 10 октомври, кога на домашен терен ќе го пречекаат Хетафе во рамките на осмото коло.
Рафиња во новата сезона продолжува да биде еден од главните носители на играта на Барселона, а неговата форма во септември дополнително ја потврди неговата важност за тимот.



