• Иван Димовски
Лигата на шампионите од оваа сезона ќе изгледа доста поинаку од порано, со лигашки дел и плеј-оф фаза. Во главната фаза сите 36 екипи ќе се натпреваруваат на една табела за местата кои водат во доигрувањето.
Освен тоа што сите ќе играат по два натпревари повеќе, тоа значи и повеќе пари. Наградниот фонд во целост ќе биде зголемен за една четвртина, односно ќе биде повисок за 25% во однос на минатата сезона. Вкупната сума на пари сега ќе достигна 2,5 милијарди евра по сезона.
Победникот во Лигата на шампионите ќе добие 150 милиони евра, тимот кој ќе биде прв во главната фаза ќе добие 9,9 милиони, а дополнително 853 милиони ќе бидат доделени врз основа на достигнувањата.
За секој победен натпревар ќе се добива по 2,1 милион евра, додека за реми се дава по 700.000 евра.