Повеќе од заслужено: Родри е МВП на Европското првенство

По пауза од дванаесет години Шпанија одново се искачи на кровот на Европа. Во финалето во Берлин „фуријата“ ја надигра и ѕвездената Англија и со победата од 2-1 стигна до својата четврта титула европски шампион. 

Шпанците одиграа неверојатен турнир. Извојуваа победа на сите седум натпревари, и очекувано сите индивидуални награди завршија во нивни раце. Ламин Јамал е избран за најдобар млад фудбалер на шампионатот, додека признанието за најдобар фудбалер заврши кај Родри. 

Ѕвездата на Манчестер Сити беше „мозокот“ на „фуријата“ на овој шампионат, сите напади на тимот започнуваа од него, додека тој беше и вистински коректор на одбраната, па затоа МВП наградата заврши во вистински раце. 

Така, Родри доби уште едно големо индивидуално признание откако претходно беше избран за најдобар ви Лига на нации, Лигата на шампионите, Суперкуп на Европа и Светско клупско првенство.

Состави

Луис де ла Фуенте

4-2-3-1

    Lee Carsley

    3-4-2-1