Потврдено: Четворица Хрвати биле дел од хаосот на белградското дерби!

За време на натпреварот меѓу Партизан и Црвена Звезда, на Јужната трибина кај „Гробарите“ изби голем инцидент по кој навивачи беа префрлени итно во болница, а полека, случајот почнува да добива разврска.

Српските медиуми тврдеа дека се работи за тепачка меѓу фракции, но „Гробарите“ излегоа со соопштение во кое наведоа дека неколку национални предавници, како и Хрвати учествувале во инцидентот. Учеството на Хрватите во хаосот на белградското дерби е потврдено и од Хрватска.

Министерството за надворешни работи на Хрватска посочи дека четворица Хрвати учествувале во тепачката, а против нив засега не е поднесена кривична пријава. Двајца хрватски државјани не побарале лекарска помош, третиот бил во болница, но веќе е пуштен, додека четвртиот е задржан на неврохирургија во Белград.