Потврдени списоците за ЕП, само Шпанија не повика 26 фудбалери!

Европската куќа на фудбалот ги потврди списоците на сите учесници на претстојното Европско првенство, кое започнува утре со натпреварот меѓу Турција и Италија.

24 репрезентации ќе се борат за престижниот трофеј, а само една селекција не го искористи максималниот број на повикани фудбалери. Сите селектори на овој собир на располагање ќе имаат 26 фудбалери, освен Луис Енрике, кој на својот список ќе има два играчи помалку. 

„Не сакав да повикам нови фудбалери, бидејќи сите знаеме дека на турнирот шанса за докажување ќе добијат 18 или 19 фудбалери“, рече Енрике. 

Во составот на „црвената фурија“ се најдоа и Бускетс и Љоренте, иако двајцата се заразени со коронавирус и се во карантин. Иако составите беа доставени уште во први јуни, според правилата на УЕФА секоја селекција може да направи промени доколку во своите редови има заразени фудбалери со коронавирус или во случај на сериозна повреда.

Составите на сите селекции можете да ги погледнете на ОВОЈ линк.