• Сашо Поповски

Првото квалификациско коло за Лига Европа на Академија Пандев му донесе двомеч со босанскиот прволигаш Зрињски.
Денес беше потврден терминот на првиот дуел кој ќе се одигра во Скопје. Истиот е закажан на 11 јули со почеток од 19:00 часот.
Реваншот се игра седум дена подоцна на стадионот во Мостар. Подобриот од двомечот ќе се сретне со холандски Утрехт во рамки од второто квалификациско коло.