Потврден терминот: Пелистер – Динамо Букурешт под рефлектори во Битола!

Романскиот гигант Динамо Букурешт ќе биде гостин и ќе одигра роденнденски пријателски натпревар против сениорската екипа на Пелистер, а клубот го потврди терминот на мечот.

Се работи со гигант на романскиот фудбал, осумнаесеткратен шампион и тринаесеткратен освојувач на Купот на Романија и поранешен клуб на клупскиот капитен Мирко Ивановски.

Пелистер ќе го пречека Динамо Букурешт во вечерен термин. Мечот се игра на стадионот „Петар Милошевски“ на 12 октомври, со почеток од 17:30 часот под рефлектори.