Потврда од Неапол: Спалети го напушта шампионот на Италија!

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, официјално потврди дека Лучијано Спалети нема да го води тимот следната сезона.

Наполи го очекуваат многу промени по шампионската сезона. По третото „скудето“ се промени климата во тимот, а Спалети побарал да си замине.

„Да, Спалети ми кажа дека сака година одмор, па, можам ли да му кажам не? Многу ни даде и му благодарам. Дојде кај мене и ми кажа се, дека кругот е затворен“, изјави Де Лаурентис.

Спалети дојде во Наполи во 2021 година и потпиша договор за три сезони. Оваа сезона тој ја освои титулата во Серија А со тимот во кој игра и Ељиф Елмас на доминантен начин.