Потврда од ФИФА: СКП од 2025 со 32 клуба, првото издание во САД!

СКП

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) потврди дека во 2025 година ќе гледаме едно ново Светско клупско фудбалско првенство (СКП) кое ќе брои дури 32 клуба и ќе донесе поголем број на натпревари.

Според информациите, турнирот ќе опфаќа дури 12 европски клубови – победниците на Лигата на шампиони од 2021 до 2024, Челзи, Реал Мадрид и Манчестер Сити, а дополнителни осум клуба ќе бидат додадени според рејтингот. За останатите учесници допрва ќе се делат местата.

Првото издание на новото Светско клупско првенство ќе се одржи во Соединетите Американски Држави. Останува да се види како УЕФА ќе реагира на оваа промена и како натпреварите на новото СКП ќе влезат во календарот.