ВИДЕО: Потсетете се на „златниот“ пенал на Панчев со коментар на легендата Пантиќ

Дарко Панчев засекогаш ќе остане запаметен во историјата на Црвена Звезда како човекот кој го реализирал клучниот пенал во финалето со Олимпик Марсеј и донел европска титула во 1991 година.

Најдобриот македонски фудбалер и единствена „Златна копачка“ од нашата земја шутираше во петтата серија, го надмудри Паскал Олмета и донесе успех на поранешните југословенски просторите, кој сега од оваа дистанца делува како научна фантастика.

Овој историски гол на нашиот напаѓач легендарниот коментатор на „РТС“, Милојко Пантиќ го доживеа со зборовите: „Дарко, Дарко, Даркооо, „Златната копачка“ на Црвена Звезда денес го позлати нашиот црвено-бел тим“.

  • Потсетете се на пеналот вреден европска круна...