Потресно интонирање на химна, цел свет зборува за играчите на Конго (ВИДЕО)

Репрезентацијата на ДР Конго загуби во полуфиналето на Африканското првенство од Брегот На Слоновата Коска, но сите фудбалери во својата земја беа прогласени за херои, прво поради одличниот резултат, а дополнително и поради гестот што го направија пред почетокот на мечот. 

Сите репрезентативци на Конго за време на интонирањето на химната ги прекрија своите усти со рацете и симболизираа пиштол во слепоочницата, како знак на револт против бруталната граѓанска војна и смртта на милиони Конгоанци во последните три децении. Сите играчи застанаа одлучно и силно против разорната војна, а тоа наиде на огромно воодушевување кај домашната јавност. 

Пораката на конгоанските фудбалери стана вирална ширум светот, а од сите страни доаѓа поддршка за нив и нивната држава. Обединетите Нации ветија активно вклучување во примирјето, а Светската здравствена организација континуирано испраќа помош во форма на храна и лекови.