Потежок пат до трофејот: ПСЖ без својата прва ѕвезда во Куп-финалето против Монако!

ПСЖ

Фудбалерите на Пари Сен Жермен со многу среќа го елиминираа Монпелје и изборија финале во Купот на Франција.

Натпреварот за трофеј за Маурисио Почетино ќе биде за нијанса потежок, бидејќи Нејмар нема да биде дел од истиот. Бразилецот доби жолт картон во полуфиналната пресметка, па заработи суспензија за дербито против Монако.

ПСЖ ја брани титулата од минатата сезона и е рекордер по бројот на успеси во натпреварувањето. Оваа година овој трофеј би можел да биде единствен за ѕвездениот тим од Париз, со оглед на ситуацијата во домашното првенство.

Финалната пресметка е закажана за наредната среда со почеток од 21:15 часот.