Потер: Никогаш досега не сум бил на натпревар од ЛШ!

Грем Потер, новиот предводник на Челзи, в среда во Лигата на шампионите ќе дебитира на клупата на „сините“.

Во најавата за средбата со Салцбург, до неодамна тренерот на Брајтон откри дека никогаш досега не бил на натпревар во рамки од Лигата на шампионите.

„Никогаш не сум бил на натпревар од Лигата на шампионите. Ниту како гледач. И испадна дека ќе имам деби во елитното натпреварување. Би било убаво да се започне со победа“, рече Потер.

Менаџерот на Челзи ќе ги има на располагање речиси сите играчи.

„Повредени се само Менди и Канте. Сите останати се подготвени“, додаде англискиот стратег.

Во првиот натпревар од Лигата на шампионите, Челзи беше поразен од Динамо на „Максимир“ со 1-0, по што следуваше отказ за Томас Тухел.