Потер: Кога доведувате вака скапи засилувања, секогаш ќе се дискутира за нивниот квалитет

Претпоследниот шампион на Европа не е најдобар клуб ниту во својот град, а не во националното првенство на Англија. Челзи синоќа одигра 0-0 против Фулам и уште повеќе заостанува зад екипите кои се на европските места.

Менаџерот Грем Потер сепак не беше така критичен кон своите фудбалери.

„Имавме добра атмосфера. Играчите вредно играа еден за друг против организиран тим како Фулам. Дел од нашите нашите фудбалери се вратија по повреди, дел се нови, па ни треба време да се воиграме.

Чувствувам дека имаме многу силна група на играчи. За нас е важно да се подобриме. Новите играчи се прилагодуваат на нова земја и нова лига. Не е едноставно. Кога се плаќаат големи пари за играчите, секогаш ќе се поставуваат прашања за нивниот квалитет“, изјави Потер.

Челзи е на деветти во Премиер лигата со 30 бода, а Фулам се искачи на шестата позиција на првенствената табела со 32 бода.

Состави

Грем Потер

4-2-3-1

    Marco Silva

    4-2-3-1