• Горан Упале

Грем Потер со пораз се врати на тренерската клупа. По заминувањето на Лопетеги, за нов менаџер на Вест Хем беше назначен младиот Англичанец, кој на своето деби на клупата на „чеканите“ забележа пораз од Астон Вила во ФА Купот.
Но, поразот не боли толку колку информацијата што Потер и Вест Хем остана без уште еден напаѓач. Никлас Филкруг заработи тешка повреда на натпреварот со Вила, а според проценките на германски „Скај“ се очекува да отсуствува околу три месеци.
Бидејќи Мајкл Антонио неодамна имаше тешка сообраќајна несреќа, на новиот тренер му останува само Дени Ингс како опција во шпицот и поради тоа треба да очекуваме лондонскиот клуб да биде активен на пазарот и да брка нов напаѓач.
31-годишниот напаѓач сезонава одигра девет натпревар во Премиер лигата и постигна два гола.