Потер: Го направив вистинскиот потег, подготвен сум за предизвикот во Челзи

Грем Потер пред неколку дена и официјално стана нов менаџер на Челзи. На таа функција го наследи Томас Тухел, кој доби отказ поради лошите резултати во новата сезона и слабата комуникација со челните лица во клубот.

Потер во последните неколку години заврши одлична работа во Брајтон, па се очекуваше да добие понуда од поголем клуб.

„Во овој момент од мојата кариера мислам дека ова е вистинскиот потег. Подготвен сум за овој предизвик и за чекорите пред мене“, рече новиот предводник на Челзи.

Тој им се обрати и на навивачите на својот поранешен клуб.

„Вие момци бевте одлични. Знам дека ќе се сретнеме повторно. Беше бесценето да се разговара со вас кога ќе се сретневме во град. Вие сте навистина посебни“, додаде Потер.

47-годишниот стратег на клупата на Челзи ќе дебитира в среда на дуелот против Салцбург во Лигата на шампионите.