Потенцијалниот репрезентативец Урош Матиќ две години во Штурм

Досегашниот фудбалер на НАЦ Бреда, Урош Матиќ, за кој ФФМ покрена постапка за добивање македонски пасош и настап во нашата репрезентација, денес се одлучи да ја смени клупската средина и потпиша за австриски Штурм. Играчот за врска во клубот од Грац, со кој потпиша двегодишен договор, пристигна како слободен фудбалер откако му истече договрот со клубот од Холандија.

„Урош е пргав и креативен играч од средината на теренот кој може да игра на сите позиции во средниот ред“, изјави спортскиот директор на клубот Гинтер Крајсл.

Со пофални зборови за квалитетите на Матиќ се огласи и тренерот и легендата на клубот, Франко Фодa:

„Во Урош добивме искусен играч кој има вистински карактер. Може за брзо време да стане нашиот клучен играч во средниот ред“, изјави Фода.

Матиќ покрај НАЦ Бреда во својата кариера има настапувано и за Бенфика Б и словачки Кошице. Интересно е тоа што во Штурм пред две сезони настапуваше уште еден наш репрезентативец роден во Србија, Александар Тодоровски, кој пред почетокот на минатата сезона направи трансфеер во полски Заглебие Лубин.