Потег за почит: ПАО ќе го исплати целиот договор на семејството на починатиот Балдок

Управата на грчкиот прволигаш, Панатинаикос, направи голем и убав гест, објавувајќи дека ќе го испочитува во целост договорот на неодамна починатиот фудбалер, Џорџ Балдок

Англичанецот трагично го загуби животот откако беше пронајден мртов во една вила во близина на Атина, а од клубот изјавија дека неговата заработка целосно ќе биде префрлена на сметката на неговата сопруга. Балдок имаше уште три години од договорот со „детелниките“, па управата реши да му излезе во пресрет на неговото семејство, потег кој наиде на воодушевување во спортската јавност. 

31-годишниот Балдок ја започна кариерата во Милтон Кејнс Донс, играше за уште неколу англиски клубови, а во Панатиниакос пристигна оваа година и настапи на само три натпревари.