ВИДЕО: Постигнат нов рекорд со дури 52 изведени пенали

SK Batov - Fristak

Во аматерската чешка петта лига постигнат е нов рекорд по бројот на изведени удари од белата точка, вкупно 52 пенли. Натпреварот помеѓу Батов и Фристак во регуларниот дел заврши 3-3, па мораше победникот да се добие по изведување на пенали. На крајот Батов славеше со 22-21.

Фристак на три пати имаше шанса да слави победа при резултат 4-4, 11-11 и 14-14, но неговите играчи промашуваа. Од локалните медиуми одат до таму дека претседателот на Фристак, Вратислав Рудолф сакал да замине по 40. пенал, бидејќи имал договорено фамилијарна скара.

До овој натпревар најдолга серија на изведување удари од белата точка беше на натпревар од Купот на Намибија во 2005 година, каде на натпреварот помеѓу Палас и Сивикс, играчите изведоа 48 удари од белата точка. На крајот тимот на Палас славеше со 17-16.