Постигнат договор меѓу Атлетико и Облак, останува само потписот на Словенецот

Словенечкиот голман Јан Облак и Атлетико Мадрид подолго време преговараат околу неговиот нов договор.

Се чини дека постигната е конечна спогодба и дека за официјализација на истата фали само потписот на 26-годишникот. Неговиот сегашен договор истекува во 2021 година, а „јорганџиите“ сакаа што поскоро да го „блиндираат“ поради големиот број на заинтересирани екипи за неговите услуги.

Диего Симеоне смета дека Словенецот е еден од оние фудбалери кој не смее да дозволи да го напушти клубот. 

Моментално Облак ја игра петтата сезона во дресот на Атлетико. Во Шпанија пристигна од редовите на Бенфика, а кариерата ја започна во Олимпија Љубљана.

Во сезоната 2013/14 беше избран за најдобар голман во португалска Примеира, а три сезони по ред ја освојува наградата „Замора“, која се доделува на најдобриот чувар на мрежата во шпанското првенство.